УО на РФМ во петок официјално раскрстува со Лино Червар

Управниот одбор на Ракометната федерација на Македонија на 31 март ќе одржи седница на која ќе биде и официјално верификувана одлуката за раскинот на договорот со сега веќе поранешниот селектор на машката ракометна репрезентација на Македонија, Лино Червар, поради итност донесена без присуство на членовите на УО.

УО на оваа седница ќе ги верификува и другите одлуки донесени по итна постапка за за реизбор на Филип Милошевски на функцијата генерален секретар на РФМ, како и одлуката за формирање на Комисијата за спроведување на преговори со потенцијалните кандидати за нов селектор на сениорите, одлуката за доделување на парична награда за машката сениорска репрезентација за настапот на СП во Франција и одлуката за ослободување од плаќање на судиски и делегатски такси на ракометните клубови во младинските лиги.

На дневен ред на Седницата на УО се и извештаите од настапот на сениорите на СП во Франција и настапите на младинските репрезентации во квалификациските циклуси.

uo rfm

Се вчитува...