УРНЕБЕСНО: На Михајловиќ му наместија зет – „Море нека се носи и тој, и е..те се сите!“ (ВИДЕО)

Легендата на српскиот фудбал Синиша Михајловиќ беше „жртва“ на италијанската скриена камера. Поранешниот селектор на Србија и тренер на неколку италијански екипи, имено, доби неочекуван зет.

Во договор со „Скриена камера“ неговата ќерка, 21-годишната Викторија заедно со сопругата на Синиша го повикаа поранешниот југословенски ас во ресторан да му го покажат дечкото на Викторија. Од неа тринаесет години постар Италијанец.

„Добро бре, нормален ли е овој? Има ли некоја нормална фотографија?“ – коментираше најпрво Михајловиќ додека сопругата му покажуваше како изгледа наводниот дечко на нивната ќерка.

А, потоа и дечкото пристигна на ручекот по цели 45 минути задоцнување. И веднаш почна да го бакнува Синиша додека кај овој веќе се чувствува бес…

„Однесувај се пристојно. Ако не сакаш, е.. се“ – одбруси во еден момент Синиша.

Но, потенцијалниот зет продолжи да го живцира, земајќи му храна од чиниите, притоа и коментирајќи дека тој е еден од најлошите тренери кои ги видел и како со право добил отказ во Торино. Притоа, не пропуштајќи да го вика „Папи“, што на Србинот и тоа како не му се допаѓаше.

„Ќе му залепам шлаканица, ќе го фатам за нос и ќе му ја откинам главата. Кога ќе заврши ова лудило?“ – и се обрати во еден момент Синиша на сопругата, додека младите за кратко ја напуштија масата. Но, сопругата на Михајловиќ, добро запознаена со ситуацијата, само продолжи да се смешка.

Но, ниту сето тоа дотогаш не значеше крај на маките на Михајловиќ. Италијанецот потоа не пропушти да го праша дали ќе дозволи неговата ќерка да живее со него, затоа што наскоро може ќе стане дедо. А, му ја пееше и песната за неговата ќерка Викторија која самиот ја напишал: „Вики, ти си моја циганка!“.

Чашата дефинитивно се прелеа кога пристигнаа и пријателите на идниот му „зет“…

„Е, готово јас си одам, а ти седи. Нема да доаѓаш ти со мене“ – му се обрати Синиша на „зетот“ кој притоа побара да замине и тој со него за да се дружат.

За да потоа конечно се разоткријат и организаторите на „Скриената камера“. Синиша на крајот тоа го прифати со насмевка, но онака на шега ‘распалувајќи’ по сите:

„Полудев навистина, хахаха. Не знав што се случува, ниту што да направам. Главата ми пукна, а тој доаѓа и ме бакнува. Па, уште ме полуде со тоа ‘Папи, папи’… Море нека се носи, хахаха. Е..те се сите“ – заклучи Михајловиќ.

Се вчитува...