Урош Луковиќ директно од погреб на паркет, па донесе победа за Партизан

Партизан успеа да го совлада Задар со 87-86 и да дојде до третото место во АБА лигата благодарение на поените во последните секунди на поранешниот кошаркар на МЗТ Скопје, Урош Луковиќ.

Тренерот на Партизан, Ненад Чанак го потенцираше ефектот на Луковиќ јавно испраќајќи пофалби за кошаркарот кој играше под психолошки притисок по смртта на неговиот дедо, но со 21 поен и 7 скока беше најзаслужен за триумфот на „црно-белите“…

„Не е тренерски да се фалат играчите надвор од соблекувалната. Јас се уште не се сметам и за тренер, бидејќи уште го учам занаетот, но мора да дадам признание за Урош Луковиќ кој дојде непосредно пред мечот директно од погреб на неговиот дедо и одигра феноменално. Мечот ни беше важен, го одигравме под стрес, но победата е најважна“ – истакна по мечот Чанак.

Се вчитува...