Урош Матиќ со деби гол за Копенхаген… (видео)

Потенцијалниот македонски репрезентативец Урош Матиќ го запиша својот прв гол во дресот на актуелниот шампион на Данска, Копенхаген.

Копенхаген ита кон нова титула во Данска, а во 26. коло беше подобар од Силкеборг победувајќи на гостувањето со 1-3.

Матиќ, кој ги мина сите 90 минути во дресот на Копенхаген, го постави конечниот резултат на натпреварот со гол во 84. минута…

Како што е познато, Урош Матиќ веќе го прифати настапот во дресот на македонската репрезентација, но се уште се очекува потврда од ФИФА за да добие право и за официјален настап.

Се вчитува...