Уште еден дрим-тим во НБА: Кармело оди во Оклахома сити

Кармело Ентони е најновата ѕвезда што ќе се приклучи на тимот на Оклахома сити тандер, со што оваа екипа создава моќно трио, заедно со Расел Вестбрук и Пол Џорџ, за атак на највисок пласман во НБА-лигата.

Оклахома сити тандер пред две години се наоѓаше на работ на амбисот откако Кевин Дурант ја напушти оваа екипа и се пресели во Голден стејт вориорс. Сепак, раководството на клубот заврши одлична работа успевајќи да го задржи Расел Вестбрук, околу кого сега се формира нов дрим-тим, способен достојно да им парира на „воините“ и да се обиде да ја прекина нивната доминација на „западот“.

Кармело Ентони веќе извесно време бараше интересна опција за продолжување на кариерата, бидејќи во договорот со Њујорк имаше клаузула според која сам може да избира која од понудите што ќе ги добие ќе ја прифати, без оглед на желбата на никси.

Иако во игра беше и Хјустон, на крајот во трката по Кармело победи Оклахома, нудејќи ги Енес Кантер, Даг Мекдермот и избор од втората рунда на драфтот во 2018 година.

Се вчитува...