Уште еден рекорд на Мбапе

Килијан Мбапе го најде патот до мрежата на Џанлуиџи Буфон, прекинувајќи ја серијата од 690 минути без примен гол на голманот на Јувентус.

Она што е позначајно, голгетерот на Монако со тој погодок урна уште еден рекорд, овојпат како најмлад стрелец во историјата на полуфиналните натпревари од ЛШ. Мбапе го постигна денешниот гол за возраст од 18 години и 130 дена, уривајќи го досегашниот рекорд на Вејн Руни, кој стрелаше прецизно во полуфиналето од елитното европско натпреварување на 18 години и 172 дена.

Французинот дефинитивно е нов „бисер“ на светскиот фудбал, па Монако неслучајно планира да заработи 100 милиони евра од неговата продажба.

Се вчитува...