Уште еден шок во Шпанија: Салин колабираше на терен (видео)

Неполни 24 часа по страшниот пад на Фернандо Торес на мечот Ла Коруња – Атлетико Мадрид, повторно дојде до шокантна случка на спортски натпревар во Шпанија.

Гран Канарија и Хапоел Ерусалим го играат вториот меч од четвртфиналето во Еврокупот, а во моментите додека стартерите на двата тима излегуваа на теренот присутните во салата занемеа. Причината – домашниот миленик Сасу Салин колабираше среде терен, по што неколку секунди остана неподвижен.

Финскиот ас откако се стабилизираше се упати кон клупата за резерви, а за чудото да биде комплетно Салин нешто подоцна и влезе во игра, настапувајќи за Гран Канарија.

Се вчитува...