Уште еден шок за Фенер: Солдадо го пропушта реваншот со Вардар?!

Стручниот штаб на Фенербахче се соочува со уште еден сериозен проблем откако Роберто Солдадо го пропушти последниот тренинг на турскиот гигант во пресрет на утрешниот дуел со Вардар.

Фенер ќе брка негатива од два гола против „црвено-црните“ и помошта на Шпанецот сигурно ќе беше добредојдена. Тој требаше да биде предводник на нападот откако беше објавено дека Ван Перси поради болест нема да може да настапи за турскиот состав, но според последните информации денеска и Солдадо отпаднал од комбинација за настап против македонскиот првак.

Фенербахче објави дека Шпанецот не тренирал бидејќи минувал специјална рехабилитациска програма заедно со Бразилецот Фернандао, па тој нема да игра против „вардарци“, барем сигурно не во стартниот тим на турскиот фудбалски гигант.

Се вчитува...