Уште една суперѕвезда го пропушта Евробаскет 2017

Претстојното Европско првенство во кошарка ќе биде осиромашено со неиграњето на уште една голема ѕвезда, откако Јанис Антетокумпо денеска објави дека нема да може да настапува за Грција на овој континентален собир.

Најдобриот грчки кошаркар се наоѓаше во Азија на промоција со својот тим Милвоки бакс, веќе извесно време влечеше незгодна повреда, но и покрај напорите не успеа да се рехабилитира целосно за да настапи на Евробаскет 2017.

Сакам да ги известам сите дека нема да бидам во можност да играм за Грција на Евробаскет 2017. Сето ова време се притискав самиот себе, вежбав за да докажам дека ќе бидам подготвен за официјалните средби, но паднав на последните тестови и јасно е дека морам да одморам во следниот период“ – истакна Антетокумпо.

Се вчитува...