Уште само 9 дена до крајот на големата наградна игра на Халкбанк: „Вози Мини со три дисциплини“

Остануваат уште сaмо 9 дена до крајот на големата наградна игра на Халкбанк АД Скопје „Вози Мини Со Три Дисциплини“ во која главна награда е фантастичниот автомобил Mini One.

Можноста да се поседува еден од најомилените автомобили во светот е досега ја искористија многумина. Според информациите, за наградната игра која што трае до крајот на ноември владее огромна заинтересираност во јавноста. Освен Mini, секој учесник во „Вози Мини Со Три Дисциплини“ може да освои и други вредни награди како iPhone 7 смарт-телефони и Samsung таблети.

Право на учество во „Вози Мини Со Три Дисциплини“ имаат сите физички лица кои се или ќе станат корисници на трите производи на Халкбанк:

  • MasterCard Debit Contactless дебитна платежна картичка
  • Услуга електронско банкарство  (активирање и користење без надомест до 31.01.2018)
  • СМС инфо услуга (активирање и користење без надомест до 31.01.2018) 

Сите оние кои веќе ги користат трите горенаведени производи на Халкбанк, сѐ што треба да направат е да ја посетат најблиската филијала на Халкбанк и да пополнат изјава за согласност за учество во наградната игра со која стануваат потенцијален добитник на Mini One автомобилот или некоја од останатите награди.

Повеќе за наградната игра може да дознаете на официјалната веб страница на банката.

Се вчитува...