Услови какви што нема во Прва лига – еве зошто Радовиш ита кон елитата (ФОТО)

Радовиш игра одлично во оваа 2017 година и овој кошаркарски второлигаш е се поблизу до пласман во Првата лига за следната сезона. Убедливата победа над Гостивар во дербито од минатото коло беше само уште еден доказ за моќта на радовишани, кои делуваат крајно сериозно по соработката со новиот клуб Блоко Техна од Гевгелија.

Токму благодарение на Блоко Техна боите на Радовиш во вториот дел од сезонава ги бранат искусни играчи како Гоцевски, Младеновиќ и Аврамовски, како и Цветковски и Главчев како играчи чии најдобри игри допрва ќе следат.

Резултатите на клубот не се никакво изненадување ако се земат во предвид беспрекорните услови за работа што ги имаат кошаркарите, кои од понеделник до среда работат во новоизградената модерна сала во Гевгелија, на ниво далеку над арените во кои настапуваат поголемиот дел од македонските прволигаши.

Кошаркарите од понеделник до среда тренираат во оваа сала, за последните два дена пред викенд-натпреварите тренинзите да ги одржуват во Радовиш, во салата каде се домаќини.

Вакви услови навистина нема во речиси ниедна сала во Македонија и ние сме горди поради тој факт. Работиме напорно на тренинзите, а целта е една и единствена – да помогнеме Радовиш да влезе во Првата лига. Резултатите во Втората лига во последно време ни се одлични, а напоредно играме пријателски натпревари со прволигашки екипи, како и со екипи од Грција“ – изјавува Марјан Илиевски, кој е предводник на проектот „Блоко Техна“.

[new_royalslider id=”534″]

Се вчитува...