Успешна операција на Суслина, следи пауза од осум седмици - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Ракомет
26/06/2017 17:17
Коментари
26/06/2017 14:20
Кошарка
26/06/2017 12:31
Фудбал
26/06/2017 10:05

Успешна операција на Суслина, следи пауза од осум седмици

Успешна операција на Суслина, следи пауза од осум седмици

На руската голманка на ЖРК Вардар Ина Суслина успешно и беше извршена операција на менискусот на десното колено. Ракометарката која е стандардна помеѓу стативите на македонскиот шампион ќе биде на ‘принуден одмор’ од шест до осум недели, период кој ќе го искористи за целосна рехбилитација од операцијата.

“Голманката Ина Суслина имаше успешна операција на менискусот на десното колено, и ќе отсуствува од натпреварите околу два месеци. Хируршкиот зафат беше извршен денеска од доктор Улрих во болницата во Аугзбург, Германија. Подолго време Суслина имаше проблеми со менискусот, па во консултација со докторите и управата беше решено, тој проблем што е можно побрзо да се санира” – информираат од клубот на официјалната веб страница.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.