Ужас во БиХ: Фудбалер по жесток дуел остана без бубрег и ја завршува кариерата - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
18/11/2017 19:25
Ракомет
18/11/2017 18:59
Ракомет
18/11/2017 15:36
Кошарка
18/11/2017 9:26

Ужас во БиХ: Фудбалер по жесток дуел остана без бубрег и ја завршува кариерата

Ужас во БиХ: Фудбалер по жесток дуел остана без бубрег и ја завршува кариерата

Во фудбалскиот шампионат на БиХ се случи немил настан. Фудбалерот на Витез, Марко Јевтиќ, на дуелот со Челик заработи тешка повреда, по која беше веднаш пренесен во болница и опериран, а неговиот клуб официјално потврди дека тој го загубил бубрегот и ја завршува кариерата.

„По тешката повреда Јевтиќ беше префрлен во болницата во Зеница, каде и итно е опериран, но лекарите не успеаја да го спасат неговиот бубрег. Шокирани сме од ваквиот развој на настаните, но му посакуваме неговата здравствена состојба да се подобри во најкус можен рок. Тој се наоѓа на интензивна нега, и со оглед дека има 34 години, јасно е дека неговата фудбалска кариера е завршена“, извести фудбалскиот клуб Витез.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.