Валенсија ја освои и Барселона, побегна на „плус 6“ од Реал Мадрид

Валенсија продолжува со импресивни игри сезонава, откако „лилјаците“ славеа на гостувањето во Барселона против Еспањол со 0-2, за својата осма победа во низа во Примера дивизион. Тренерот Марселињо не можеше да смета на најдобриот напаѓач Симоне Заза, како и на Гуедеш, но гостите сепак успеаја да стигнат до цел плен, најпрвин со евроголот на Кондогбија, за во финишот печат на победата да стави Санти Мина по големата грешка на еден дефанзивец на Еспањол.

Валенсија со овој триумф ја одржа негативата од четири бода во однос на лидерот Барселона, но и ја зголеми предноста во однос на третопласираниот Реал Мадрид што сега изнесува шест бода.

Во следното коло „лилјаците“ ги очекува најтешкиот испит, дуелот на домашен терен против Барселона.

Се вчитува...