Валверде: Битката за титулата не е завршена

Барселона по повеже од една година не успеа да постигне гол, а освои само бод на „Камп Ноу“ против Гетафе. Тоа е второ реми во серија за каталонскиот гигант, па предноста во однос на Атлетико Мадрид се стопи на само седум бода. Тоа значи дека допрва ќе стане интересно во Ла Лига, иако делуваше дека Барселона е недопирлива.

„Гетафе е незгоден противник. Не заслуживме да победиме. Немавме свежина, ниту длабочина во играта, Не бевме прецизни во додавањата и играта немаше течност и динамика. Во второто полувреме се обидовме да стигнеме до победнички гол, но не успеавме. Јас и кога имавме поголема бодовна предност го велев истото, битката за титулата не е завршена“, изјави Ернесто Валверде.

Се вчитува...