Валверде: Ќе биде неизвесно против Јувентус, треба да внимаваме на Дибала - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Фудбал
22/11/2017 18:33
Фудбал
22/11/2017 17:40
Кошарка
22/11/2017 13:30
Фудбал
22/11/2017 11:10

Валверде: Ќе биде неизвесно против Јувентус, треба да внимаваме на Дибала

Валверде: Ќе биде неизвесно против Јувентус, треба да внимаваме на Дибала

Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде, утре ќе го има своето деби на клупата на каталонскиот клуб во Лигата на шампиони, а како прв тест за неговите избраници ќе биде вицешампионот Јувентус. Валверде смета дека натпреварот ќе биде напнат, токму поради тоа што за нивен противник е Јуве, италијанскиот првак кој ги елиминираше во нокаут фазата минатата сезона, но вели дека Барса ќе се обиде да тргне со триумф во овогодинешната  кампања во Лигата на шампиони.

„Јасно е дека Јувентус е многу квалитетна екипа, но ние ќе одиме на победа. Минатата сезона ни создадоа многу проблеми во двомечот, знаеме дека мечот ќе биде исклучително напнат и тежок, бидејќи и двете екипи се надеваат на позитивен старт во најелитното клупско натпреварување во Европа. Овој натпревар е многу важен за нас, но исто така беа важни и претходните средби во домашното првенство. Кампањата во ЛШ ја започнуваме со голем ентузијазам, викендов победивме 5-0 во градското дерби против Еспањол, а тоа не мотивира да ги обезбедиме три бода и од овој меч. Ќе мора многу да внимаваме на Дибала, бидејќи тој е еден од најдобрите фудбалери во светот. Лани беше голема главоболка за нашата одбрана, но исто така ме плаши и колективот на Јуве, тоа е нивната најсилна карактеристика“, изјави Валверде.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.