Вардар без многу мака ја „реши“ Академија Пандев

Вардар без многу мака ја „реши“ Академија Пандев во заостанатиот натпревар од 17. коло во Првата македонска фудбалска лига. „Црвено-црните“ на „Филип Втори“ славеа со 3-1 (2-0) по што ја намалика разликата со водечката Шкендија на 11 бода.

Дејан Блажевски и Хофханес Хамбарџумјан беа творци на триумфот на шампионот. По само 30 минути игра на стартот веќе беше 2-0 за домашните. Најпрво погоди Блажевски во 19. минута, а потоа стрелаше и Хамбарџумјан во 33. минута.

Гостите успеаја да намалат на 2-1 во второто полувреме со голот на Јани Атанасов во 58. минута од пенал, за да конечните 3-1 ги постави ерменскиот репрезентативец Хамбарџумјан со својот втор гол на мечот, во втората минута од судиското продолжение.

По оваа победа, Вардар сега со 35 бода од 17 натпревари е на 11 бода од водечката Шкендија. На 13. декември „вардарци“ го играат и последниот првенствен натпревар од есенскиот дел, против Работнички.

Се вчитува...