Вардар е лидер во пинг-понг шампионатот на Македонија по есенскиот дел

Пингпонгарите на Вардар се есенски шампиони на Македонија во домашната Супер лига.

По првиот дел од натпреварувањето „вардарци“ се најдоа на врвот на табелата со шест победи и еден пораз, колку и второпласираниот Работнички, но поради подобрите резултати по мечеви завршија на лидерската позиција.

Во Првата пингпонгарска лига на Македонија, пак, на првата позиција е Телеком НЕЦ со максимални победи од седум натпревари, пред Мултитекс, Кочани и Пелистер.

Се вчитува...