Вардар ги договори противниците за зимските подготовки во Анталија

Актуелниот македонски шампион, Вардар засилено работи на своите зимски подготовки, а на 21-ви јануари тимот заминува на зимски подготовки во Анталија, каде ќе одигра пет пријателски натпревари.

Екипата на Гоце Седлоски својот прв пријателски натпревар ќе го одигра против некогашниот европски првак, Стеауа Букурешт, а четири дена подоцна ќе ги одмерат силите со руски Амкар Перм.

На 2-ри февруари, следи дуел против Дукла Прага од Чешка, а до крајот на подготовките ќе се одиграат средби и против Анжи Махачкала и Терек Грозни.

„Црвено-црните“ ќе останат во Турција до 11-ти февруари и после тоа ќе се вратат во Скопје, со цел подготвени да го дочекаат шампионатот, кој продолжува на 19-ти февруари.

24.01. – Вардар – Стеауа Букурешт (Романија)

28.01. – Вардар – Амкар Перм (Русија)

02.02. – Вардар – Дукла Прага (Чешка)

05.02. – Вардар – Анжи Махачкала (Русија)

09.02. – Вардар – Терек Грозни (Русија)

Се вчитува...