Вардар го чека уште многу работа, покажа тестот со Марибор (ВИДЕО)

Македонскиот првак Вардар го загуби вториот пријателски натпревар на летните подготовки. Подобар од „црвено-црните“ беше Марибор со 1-0, со голот на Мешановиќ во 42.минута, фудбалерот кој ова лето можеше да го засили токму Вардар.

Но, многу повеќе од поразот, боде очи слабата игра која ја прикажа македонскиот шампион на дуелот со Марибор. Словенечкиот тим беше значително подобар во поле, посебно во второто полувреме, кога и комплетно доминираше. Прашање е и дали Бразилецот Лима, кој е на проба, е вистинското решение за нападот на Вардар. Евидентно е дека тренерот Гоце Седлоски и фудбалерите ќе мора уште многу да работат за да ја достигнат оптималната форма пред дуелите со шведскиот Малме во квалификациите за Лигата на шампионите.

Сепак, мора да се напомене дека „вардарци“ неа беа комплетни и на овој тест, со оглед дека недостигаа шестмината репрезентативци од младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година, кои од вчера се приклучија во базата во Австрија.

Се вчитува...