Вардар го гази Фленсбург, Штербик брани одлично (ВИДЕО)

Сонот за пласман на Вардар на фајналфор турнирот во Келн е се поблизу до реализација по извонредното прво полувреме што македонскиот првак го игра на првиот четвртфинален дуел со Фленсбург. „Вардарци“ водат од самиот почеток, целосно доминираат на теренот, а клучна сепак е цврстата одбрана на чело со Арпад Штербик.

Извонредниот голман има свој ден, па веќе одбрани неколку чисти шутеви на домашните ракометари, една од нив беше оваа фантастична интервенција со која го откажа Радивојевиќ. Македонскиот шампион имаше најубедливи шест гола разлика (6-12), Фленсбург  дојде до „минус четири“ и Егерт промаши зицер, по што „вардарци“ фуриозно го завршија полувремето и на одмор заминаа со 9-15.

До крајот на мечот има уште 30 минути, но Вардар делува импресивно и само чудо може да го спаси Фленсбург од пораз на овој натпревар.

Се вчитува...