Вардар и се заблагодари на УЕФА, и ги повика „Комитите“ на коректно навивање…

Македонскиот шампион, екипата на Вардар преку соопштение и се заблагодари на УЕФА натпревар како домаќин од 3. квалификациско коло за Лигата на шампионите против дански Копенхаген да го игра на својот стадион, „Телеком арената“ во Скопје.

Од канцеларијата на Вардар, притоа ги повикаа и сите свои фанови, како и најверните навивачи „Комитите“ на фер и коректно навивање на пресметката против Копенхаген која се игра на 25. јули со почеток од 20 часот.

Соопштението од ФК Вардар ви го пренесуваме во целост:

Фудбалскиот клуб Вардар упатува благодарност до европската куќа на фудбалот УЕФА што излезе во пресрет и ни дозволи натпреварот против Копенхаген да го играме како домаќини во Скопје, и покрај забраната да се играат мечеви на Националната Арена „Филип Втори“ до натпреварот од Супер-Купот на 8. август. 

Сега останува на нас, на клубот да покажеме дека можеме да организираме еден натпревар на нивото на Лигата на шампионите. Добрата организација е поврзана и со односот на публиката и навивањето од трибините на обичната публика, и на нашите навивачи „Комити“. За да покажеме дека можеме да организираме и натпревари од ваков тип, ќе треба фер и корентно навивање од трибините на Националната Арена „Филип Втори“ во Скопје од сите страни. Единствено на тој начин можеме да и вратиме на УЕФА за овој потег, и за укажаната доверба да ни овозможи да го играме натпреварот како вистински домаќини. 

Среќни сме што имаме можност овој натпревар да го играме на наш терен во Скопје и да имаме поголема поддршка од трибините, со која ќе можеме да ветиме максимална игра на овој натпревар од кој сакаме да излеземе како победници. 

На крајот ФК Вардар истакнува благодарност до Струмица и до цела Македонија за поддршката на минатиот меч против Малме кој се одигра на стадионот „Младост“. Тој меч ќе ни остане во вечно сеќавање и историската победа која ни донесе пласман во следната рунда од третото квалификациско коло во Лигата на шампионите. 

Се вчитува...