Вардар игра победнички, Нант немоќен пред шампионот

Вардар победнички ја отвори сезоната на домашен терен и ја запиша седмата победа во срија, втора по ред сезонава. Пред  „црвено-црните“ во „Јане Сандански“ во 2.коло од групната фаза во Лигата на шампионите падна францускиот Нант со 27-23 .Ова беше прв пораз за францускиот тим во чиј состав од оваа сезона е и македонскиот капитен Кире Лазаров, по фантастичната серија од осум победи по ред на домашна и на европска сцена.

По почетното одмерување на силите, Раул Гонзалес го најде вистинското решение и Вардар со фантастичен финиш во последните десетина минути од првото полувреме направи комплетен пресврт се одлепи и ја презеде конплтно контролата на играта и на резултатот што на крај го ефектуира со нова победа, втора по ред во новата сезона во ЛШ во која вардраци ја бранат европската титула.

vardar nant2

Французите трганаа офанзивно и во првите десет минути се одржуваа во минимално водство, а вардарци бркаа резултат. Дури шест минути им беа потребни на вардарци за да дојдат до првиот погодок што го реализира Иван Чупиќ од седмерец. Исклучувањето на Николас Турна и предноста со играч повеќе на терен му отвори простор на Вардар да ја преземе иницијативата. Раул Гонзалес ја искористи преднсота со два пикери во напад и во 11 минута „црвено-црните“ дојдоа до првото водство со погодокот ан Ткмур Дибиров за 4-3. По серија промашувања на двете страни и добри одбрани на Арпад Штербик на домашниот и Сирил Думулин на гостинскиот гол, Вардар со првиот погодок на Криштопанс зголеми на 5-3. Но, Нант брзо ги консолидира своите редови, максимално прецизно ја користеше секоја грешка на домаќинот и одново се врати во игра и со серија од 3-0, одново се врати во позитива поведувајќи со 6-7 на десет минути пред крај на првиот дел. Тоа беше сигнал, Раул Гонзалес да реагира со прв тајм-аут.Советите на шпанскиот стратег го дадоа посакуваниот ефект, вардарци постигнаа два гола во серија и се вратија во водство, повторно со погодок на Дибиров, овој пат за 8-7. Се разигра Рожерио Фереира и со третиот погодок за четири минути го врати Вардар на +2 (10-8).

vardar nant3

Во дуелот „очи в очи“ на поранешните клупски колеги во Барселона, Штербик беше поуспешен од Кире Лазаров и му одбрани седмерец, а тоа им даде дополнителен ветар во грб на вардарци да влезат во фуриозен финиш на полувремето. Лука Циндриќ беше прецизен за прво водство на Вардар со +3 (11-8). По него во серија влезе и Жоан Канелјас и „црвено-црните“ со серија од 6-1 поведоа со 14-9. Нант успеа да постигне уште еден гол до крајот на првото полувреме кое заврши со водство на Вардар од 14-10.

На стартот од второто полувреме, вардарци повторно имаа +5 (15-10), но во наредните минути испуштија и неколку шанси да ја заголемат предноста. Нант искористи дел од тоа и намали на 16-13. А, потоа со серија од 4-0 , Французите намалија на гол разлика (19-18) во 40.минута и потврдија дека оправдано важат за едедн од најтврдите противници во елитното европско натпреварување.

vardar nant 4

Сепак, Вардар ја задржа предноста, контролата на теренот во „Јане Сандански“ и поддршката од трибините. И одново „црвено-црните“ по тајм-аутот на Гонзалес, ги стегнаа редовите, тргнаа во офанзива  и три минути се одлепија на 21-18. Со оваа позитива вардарци влегоа и во последната четвртина од натпреварот. Кога беше најпотребно Штербик беше во вистински елемент на голот на Вардар, одбрани уште еден седмерец, овој пат на Едуардо Гурбиндо и внесе дополнителна сигурност во домашниот тим, а на Нант му создаде дополнителен проблем.

Но, Нант уште еднаш успеа да се врати во игра и внесе неизвесност на осум минути пред крај кога Гурбиндо намали на 24-23. Притисокот на францускиот тим продолжи и во завршните минути од дуелот. Европскиот шампион сепак, знаеше успешно да се справи со тоа и мирно да го приведе натпреварот кон крај. Проектилот на Вуко Борозан за 26-23 на една минута пред крај стави точка на наизвесноста. Нант не го искористи следниот напад, а Дибиров стави точка на натпреварот поставувајќи ги конечните 27-23.

Најефикасен во новиот триумф на Вардар беше бразилскиот пикер Рожерио Фереира Мораеш со шест погодоци, Криштопанс постигна пет, а Чупиќ и Дибиров имаа по четири. Но, и овој пат играч број еден во „црвено-црниот“ табор беше Арпад Штербик со 12 одбрани од кои два одбранети седмерци.

Во составот на Нант, Оливер Ниокас, Давид Балагер и Едуардо Гурбиндо запишаа по четири гола. Кире Лазаров доби мала минутажа на овој меч и не постигна ниеден погодок за францускиот тим.

Во следното трето коло во групата А од Лигата на шампионите, Вардар на 1 октомври го пречекува ППД Загреб.

Се вчитува...