Вардар има лек за „седум на шест“ на Загреб

Раул Гонзалес нема проблеми со повредени играчи во пресрет на утрешното гостување во Хрватска против Загреб, но новата рунда од Лигата на шампионите. Поразот во ланската сезона од овој противник е јасно предупредување дека мора да се одигра во исто темпо во текот на сите 60 минути, а „вардарци“ се подготвуваат и за специјалната тактика што се очекува да ја употреби домашниот тим, нападот „седум на шест“.

„Сега е слична ситуација како лани. одиме во Загреб како фаворити. Лани ние игравме добро 45 минути, имавме 5 гола, па загубивме. Треба да имаме почит кон ривалот, да играме 60 минути со мотив и концентрација. Знаеме дека ќе биде тешко, таму секогаш се игра со доста притисок. Може да играат 7 на 6 на пример. Само сакаме да се фокусираме на Загреб, зашто после имаме време да мислиме на следните ривали“ – изјави Раул Гонзалес пред тргнувањето за Хрватска.

Вуко Борозан постигна четири гола на првиот натпревар со утрешниот ривал, а се очекува Црногорецот да биде во елемент и на пресметката во Загреб.

Меѓусебе добро се познаваме со Загреб. Верувам дека ќе играат повеќе 7 на 6, и така ќе се обидуваат да имаат предност. Ние сезонава двапати победивме, рутински. Сега не очекува исто така тежок меч. Очекувам екипата на игра можеби и поагресивно во одбрана, со цел да не сопре. Но, ние сме поквалитетни“, вели Борозан.

Натпреварот со ППД Загреб се игра в сабота со почеток во 20 часот.

Се вчитува...