Вардар има ѕвезди, Металург има душа (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Победата на Металург над Вардар во ракометниот плејоф сигурно е изненадувачка ако се земе во предвид разликата во квалитет, но пред се во вредност на играчите на двата тима. Впрочем, „вардарци“ со години создаваат дрим-тим од скапо платени ѕвезди, но Лино Червар и неговите избраници само го потврдија „непишаното спортско правило“ дека на теренот игра срцето на тимот, а не имињата на играчите.

Двете минимални победи во СЕХА како да не им беа доволно предупредување на „вардарци“. На домаќините пак им послужи како мотивација, да знааст дека не се толку зад градскиот ривал квалитативно, па со максимално мотивирана игра во својата „Автокоманда“ да го земат скалпот на големиот фаворит.

За Металург и Червар ова е огромна сатисфакција, за Вардар силна шлаканица за будење, во пресрет на завршницата од СЕХА, а потоа и битката со Фленсбург за место на фајналфор турнирот во ЛШ.

[new_royalslider id=”571″]

Се вчитува...