Вардар ја освои Струмица, Силекс со пресврт го победи Работнички

Актуелниот шампион Вардар успеа да слави на гостувањето во Струмица, совладувајќи го тимот на Академија Пандев со 0-2. Со тоа ја намали негативата во однос на Шкендија на 11 бода, а вардарци имаат одиграно и два меча помалку.

Akademija Pandev - Vardar 8Рускиот интернационалец Максим Максимов го постигна првиот гол за „црвено-црните“ на самиот истек од првиот дел, а Ацо Стојков во 88.минута го постави конечниот епилог на овој меч.

Akademija Pandev - Vardar

Во Кратово, Силекс со пресврт успеа да освои три бода против Работнички, победувајќи со 2-1. Остоја Стјепановиќ во седмата минута со мајсторија го отвори резултатот во корист на „романтичарите“, но тимот од Дебар Маало падна на воздушните дуели. На самиот старт на второто полувреме, во 48.минута, Милош Ѓорѓевиќ со удар со глава успеа да израмни, а Стојан Стојчевски во 65.минута, повторно со удар со глава, донесе целосен пресврт.

Пелистер имаше водство од 2-0 под „Тумбе кафе“ против Шкупи, но на крајот мораше да се задоволи само со бод. Тимот од Чаир израмни на 2-2.

Ристе Маркоски и Лукаш Кардосо во првиот дел донесоа значајна предност за битолскиот тим, но финишот не беше според посакувањата на „пелистерци“. Во 80.минута, Благоја Љамчевски си постигна автогол, а потоа Мухарем го израмни резултатот.

fk skopje- fk pobeda 2 del (1)

Победа успеа да оствари значаен триумф на гости против ФК Скопје и славеше со 0-1. Стрелец на победничкиот погодок за прилепскиот состав беше Благоја Гешоски од пенал во деветтата минута од мечот. Со оглед дека исклучен беше Ужевски, Скопје немаше сили да стигне до израмнување.

fk skopje- fk pobeda 2 del (5)ПРВА ЛИГА, 17.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ

АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – ВАРДАР 0-2

СИЛЕКС – РАБОТНИЧКИ 2-1

ПЕЛИСТЕР – ШКУПИ 2-2

СКОПЈЕ – ПОБЕДА 0-1

ВЧЕРА: РЕНОВА – ШКЕНДИЈА 1-6

ТАБЕЛА: Шкендија 43, Вардар 32 (-2), Силекс 28, Академија Пандев 25 (-1), Работнички 20 (-1), Шкупи 20, Победа 18, Ренова 17, Пелистер 16, Скопје 10.

Се вчитува...