Вардар ја отвора сезоната во „Јане Сандански“, Лазаров прв гостин со Нант

Во првиот натпревар на домашен терен во СЦ „Јане Сандански“, во новата сезона од Лигата на шампионите, Вардар денеска (17.30 ч.) го пречекува францускиот Нант со Кире Лазаров во составот. Македонскиот капитен неколкупати досега бил „гостин“ во Скопје со екипата на Барселона, но прв пат вечерва пред македонската публика ќе игра во дресот на својот нов клуб.

Вардар и Нант никогаш досега не игра меѓусебе во европските купови. Со првиот дуел воопшто со овој француски тим, вардарци ќе се обидат да ја продолжат победничката серија. Актуелмниот европски шампион има шест победи во серија во ЛШ, пет од крајот на ланската и една на гости против Висла Плоцк на стартот на оваа сезона.

Во составот за денешниот меч, Раул Гонзалес ќе го нема повредениот Игор Карачиќ, неизвесен е настапот на голманот Страхиња Милиќ, а не е целосно „фит“ ни десниот бек Даинис Криштопанс, кој се пожалил на болки во коленото. Но, и покрај овие пехови со повредите на дел од играчите, „црвено-црните“ подготвени влегуваат во дуелот и целат на нова победа.

Нант игра добар ракомет. Тие го победија ПСЖ, а играа добро и на првиот натпревар во ЛШ со ПИК Сегед. Ќе биде брз натпревар бидејќи тие играат на контри, а ние така сакаме да играме“ – истакна тренерот на Вардар во пресрет на денешниот натпревар.

Вардар и Нант се единствените два клуба во Групата А што славеа победи во првото коло. Вардраци во Полска славеа против Висла Плоцк (22-26), а Нантна домашен терен го победи ПИК Сегед (30-26).

Во тимот на Нант со респект гледаат на евроспкиот шампион, но и на ракометната атмосфера и на поддршката што ја има Вардар од навивачите, посебно кога игра на домашен терен.

Во оваа фаза во ЛШ најважно е да се освојат бодовите на домашен терен, но исто така да се освои некој бод и во гости. Тоа изгледа тешко на хартија, но, ние сме исто така тежок противник и ако сме добро концентрирани на нашата игра, тогаш сигурно може да му создадеме проблеми на противникот. Треба добро да влеземе во овој дуел со Вардар, една наелектризирана атмосфера што ја создаваат нивните бројни навивачи“ – истакнува десното крило на Нант, Давид Балагер.

Денешниот дуел во СЦ „Јане Сандански“, освен за Кире Лазаров кој одново е гостин пред македоснката публика, ќе има посебно значење и за деснот бек на Вардар, Хорхе Македа. Шпанецот пред да дојде во Вардар, три години го носеше дресот на Нант и вечерва прв пат на терен ќе се соочи со својот поранешен клуб.

Се вчитува...