Вардар ќе има идеални услови на „Крестовски“, Зенит ќе го затвори кровот на стадионот

Македонскиот првак Вардар ќе има идеални услови за фудбал на вечерашниот меч од Лигата на Европа против Зенит. На велелепниот стадион „Крестовски“ во Санкт Петербург, нема да се почувствува страшната зима која владее во Русија, затоа што Зенит објави дека ќе го затвори подвижниот кров.

Со оглед дека стадионот е фантастично опремен, ќе биде вклучено и греењето, па температурата ќе биде идеална за одигрување на фудбалски натпревар. Значи, ќе нема мрзнење за вардарци, туку ќе имаат супер услови за да одиграат најдобро што знаат и умеат против рускиот клуб.

Од друга страна, тренерот на Зенит, Роберто Манчини, најави дека одмори дел од најдобрите играчи на својот тим, што е дополнителна можност за Вардар да стигне до поволен резултат, по првите четири убедливи порази во првите четири кола од групната фаза во Лигата на Европа.

Се вчитува...