Вардар лига: „Црвено-црните“ го добија дербито со МВП

После паузата за зимскиот распуст, повторно се вративме на кошаркарскиот терен во „СРЦ Кале„, каде во неделата се одиграа пет натпревари од петтото коло на Вардар лигата.

Највозрасните кошаркари, генерацијата 2001 го отворија ова коло. Екипата на “МВП Скопје” иако одлично го започна натпреварот и во неколку наврати ја имаше предноста на своја страна, сепак Вардар не дозволи да се случи никакво изненадување и запиша нови два бода. Најефикасен играч беше Николовски Т. Со дури 27 постигнати поени.

Во генерација 2005, “Дрим Тим (Вардар)” иако на полувреме замина со четири поени предност, сепак екипата на “Кетс” од Гостивар направи пресврт во ¾ и до крајот на натпреварот “раководеше” со резултатот. Дејаноски Л. беше најдобар стрелец со 20 поени.

Убедлива победа за “Кетс” против “Пантер Баскет” во генерација 2003. Целосна контрола над мечот во сите 40 минути, за што говори и крајниот резултат 76:31. Двајца играчи беа со ист број на поени (12) , Серафимоски и Рајчевиќ и се најефикасни на овој натпревар.

Вистинско дерби , со “пеколна” игра под двата коша ни приредија КК “Ангели К.Вода” и КК “Петрески” (Гостивар). Генерацијата 2003 ни покажа како се игра кошарка и како се бори за секој поен. И на овој натпревар ¾ беше можеби клучна за победата на КК “Петрески”, а Давидовски Ж. Со 21 постигнат поен беше најдобар играч на натпреварот.

Со двојно повеќе постигнати поени КК “Плачковица” го совлада “МЗТ Скопје” на последниот натпревар од ова коло. Одлична игра прикажаа гостите од Радовиш и ова е прва и значајна победа за нив во ова натпреварување. Најдобар играч беше Ристов С. Со 16 поени.

РЕЗУЛТАТИ:

(2001) КК ВАРДАР – КК МВП Скопје 58:55

КК ВАРДАР: Миндошев, Станковски, Велковски 4, Илиовски 2, Гацов 9, Василевиќ, Несторовски 14, Шеќеровски, Антовски С., Антовски А., Василевски, Георгиевски 1, Николовски 27.

КК МВП Скопје: Бутикоски 13, Наумовски 3, Илиевски, Зафировски, Шкоф, Стаменковиќ 12, Сибиновски, Илиев 10, Мицов 10, Ефтимов, Алексовски 5, Минков ,

(2005) КК Дрим Тим (Вардар) – КК Кетс (Гостивар) 39:46

КК Дрим Тим (Вардар) : Драгутиновиќ 13, Велковски 5, Цветановски 4, Велинов 2, Савевски 5, Зафировски 6, Грујовски, Блажески 2, Илиевски 2.

КК Кетс: Самојлоски 14, Дејаноски 20, Мерџаноски, Велески, Божиноски 6, Драгутиноски 2, Јовиќ, Фандал, Шуакпи, Божиноски 4, Ѓорѓески, Анѓелкоски

(2003) КК Пантер Баскет – КК Кетс (Гостивар) 31:76

КК Пантер Баскет: Стојчески 7, Шотаровски 4, Колевски, Алексовски, Костовски 2, Божиновски, Најдоски, Митров 4, Кикеновски, Неделковски, Петковски В. 4, Петковски Ф. 6, Јованчов 4, Михајловски.

КК Кетс: Цветкоски 11, Божиноски, Серафимоски 12, Дејаноски 10, Самојлоски 10, Драгутиноски 2, Рајчевиќ 12, Стојаноски 10, Здравкоски 2, Николоски 7.

(2003) КК Ангели К.Вода – КК Петрески (Гостивар) 55:58

КК Ангели К.Вода: Димов 13, Петревски, Велковски 2,  Велковски Михаил 5, Стојановски 7, Николов 8, Матевски, Ефремов, Тодоров 8, Зафировски 4, Краевски 6, Александровски 2

КК Петрески: Давидовски 21, Нелковски 5, Снопче, Алили, Милошески 2, Ѓорѓиевски 2, Богданоски, Давидоски, Ќортан 1, Манасиевски, Ѓорѓиески 4, Турксој, Новески 2, Крајоски 2, Тиро, Јовчески 19.

(2001) КК Мзт Скопје – КК Плачковица (Радовиш) 42:84

КК МЗТ Скопје: Поповски , Вановски 12, Кралевски 12, Дамјановски , Олгун, Костовски , Стерјов 2, Цветковски 4, Спасовски, Чацилевски, Деспотовски, Маџовиќ 6, Стојановски 6, Тентов, Дамјановски П.

КК Плачковица: Атанасов 8, Гозев 11, Филипов 12, Козовски, Костадинов 10, Ситновски 5, Божинов 14, Костадинов А. 8, Ристов 16, Спасов.

Се вчитува...