Вардар на „Аноета“, само ’седумка’ да не слета (ФОТО)

Фудбалерите на македонскиот првак Вардар вечерва го одработија официјалниот тренинг на стадионот „Аноета“ каде утревечер (21.05 часот) ќе го одиграат мечот против Реал Сосиедад. Тренерот Чедомир Јаневски на прес – конференцијата непосредно пред тренингот ги искажа своите очекувања дека Вардар ќе мора да одигра многу подобро отколку на претходните мечеви во групната фаза од ЛЕ, истакнувајќи дека „црвено-црните“ имаат можност да го подобрат впечатокот.

vardar anoeta 2

Популарниот Четка ќе треба да смисли како Вардар да не добие ’седумка’ на „Аноета“. По „петардата“ од Зенит и “шестката“ од Реал Сосиедад на „Филип Втори“, би било трагично ако циклусот продолжи со „седумка“ на стадионот на Реал Сосиедад.

vardar anoeta 3

Се вчитува...