Вардар на Супер Глоуб ќе стартува против Нафт-О-Гашаран

Ракометарите на Вардар во својот прв настап на Супер Глоуб во Катар во првиот четвртфинален меч ќе играат против екипата од Иран, Нафт-О-Гашаран. Актуелниот европски шампион е апсолутен фаворит во овој дуел, па се очекува пласман на „црвено-црните“ во полуфиналето на Светското клупско првенство, а таму потенцијален противник може да им биде Барселона.

Според распоредот што го одреди домаќинот, Катарската ракометна федерација заедно со меѓународната ракометна федерација (ИХФ) денеска, победникот од четвртфиналниот дуел меѓу Вардар и Нафт-О-Гашаран во полуфиналето вкрстува со поуспешниот од дуелот меѓу Барселона и Есперанца.

Во другите две четвртфинални двојки ќе играат Фуксе Берлин – Пињеирос и Ал Сад –Сиднеј.

Според новиот систем, победниците во четвртфиналнките дуели обезбедуваат полуфинале, а поразените ќе разигруваат за пласман од 5 до 8.место.

Годинашниот Супер Глоуб ќе се одржи од 25 до 28 август, натпреварите традиционално ќе се играат во салата „Духаил“ во Доха. Според распоредот, на 25 август на програмата се четвртфиналните дуели, на 26 август се полуфиналињата и првите мечеви за пласман, 27 август е слободен ден, а на 28 август се завршните мечеви за пласман и финалето.

Двојки за четврт-финале на Супер Глоуб

25 август 2017

12 часот: Барселона – Есперанца (број 4)

14 часот: Вардар – Нафт-О-Гашаран (број 3)

16 часот: Фуксе Берлин – Пињеирос (број 2)

18 часот: Ал Сад – Сиднеј (број 1)

26 август

12 часот: Поразен број 3 – Поразен број 4

14 часот: Поразен број 1 – Поразен број 2

16 часот: Победник број 3 – Победник број 4 (полуфинале 2)

18 часот: Победник број 1 – Побеник број 2 (полуфинале 1)

27 август – слободен ден

28 август:

12 часот: Меч за 7 место

14 часот: Меч за 5 место

16 часот: Меч за 3 место

18 часот: Финале

Се вчитува...