Вардар не е носител при ждребот за ЛШ

Вардар нема да биде носител на група при ждрепката за групната фаза од новата сезона во Лигата на шампионите, одлучи ЕХФ, давајќи им предност на Барселона и Веспрем во однос на македонскиот првак. Фактот дека „вардарци“ воедно се и европски шампиони не беше доволен за европската куќа на ракометот да им ја додели улогата на носители, па наместо тоа „црвено-црните“ ќе треба да се задоволат со место во вториот шешир.

Заедно со нив ќе се најде тимот на Кјелце, со кого „црвено-црните“ нема да можат да се сретнат во групната фаза. Јасно е дека Вардар за ривал ќе ја добие Висла Плоцк од петтиот шешир, бидејќи два полски тима не можат да се најдат во иста група во првата фаза.

Извлекувањето на групите за Лигата на шампионите ќе биде извршено на 30 јуни во Љубљана.

Новата сезона од ракометната ЛШ ќе стартува на 13 септември.

ШЕШИР 1: Веспрем, Барселона

ШЕШИР 2: Вардар, Кјелце

ШЕШИР 3: ПСЖ, Некар Левен

ШЕШИР 4: Загреб, Алборг

ШЕШИР 5: Висла, Мешков Брест

ШЕШИР 6: Целје, Пик Сегед

ШЕШИР 7: Фленсбург, Кристијанштад

ШЕШИР 8: Кил, Нант.

Се вчитува...