Вардар носи уште еден поранешен ракометар на Металург?

Српскиот ракометар Јања Војводиќ кој една полусезона настапуваше во дресот на Металург, е потенцијалното ново засилување во редовите на Вардар. Средниот бек тренира со „црвено-црните“ и во најава е реализација на неговиот трансфер.

Војводиќ (22) кариерата ја почна во тимот на Врбас, а освен во Металург настапуваше и за полскиот Сласк Вроцлав, а во првиот дел од сезоната беше во составот на шпанскиот тим Пуенте Генил.

Вардар на плејмекерската позиција ги има Игор Карачиќ и Лука Циндриќ, а Војводиќ би дошол како трета опција. Во пролетниот дел од сезоната на вардарци им претстојат уште три кола од групната фаза и завршницата во Лигата на шампионите, настапот на Ф4 во регионалната СЕХА лига, завршницата во Купот на Македонија и плеј-офот за титулата во домашното првенство.

Се вчитува...