Вардар одигра „покер“ со Локомотива за осминафинале во Купот

Македонскиот првак Вардар рутински ја совлада Локомотива со 1-4, во последниот меч од 1/16-финалето на националниот Куп. Вардарци постигнаа три гола во првото полувреме, јасно покажувајќи ја својата класа во однос на противникот. Дејан Блажевски го отвори резултатот, Бесир Исени зголеми на 0-2, а Бесир Демири пред крајот на првиот дел постигна и трет гол.

IMG_5082Локомотива во самата завршница од мечот успеа да постигне почесен погодок, но сепак, Вардар е тимот што се пласира во следната рунда од најмасовното фудбалско натпреварување, откако го комплетираше дуелот и со четврти погодок, кој беше дело од слободен удар на Бесир Исени.

IMG_4935Тренерот на Вардар, Чедомир Јаневски, и покрај отсуството на поголем број репрезентативци, на овој куп – дуел изведе на теренот многу респектабилен состав. Вардар истрча со следниот тим: Алексовски, Брдаровски, Грнчаров, Новак, Демири, Глигоров, Глишиќ, Исени, Фелипе, Блажевски, Итало.

IMG_4880Фудбалерите на Локомотива пред почетокот на натпреварот го поздравија големиот европски успех на Вардар, кој стана првиот македонски клуб што ќе игра во групна фаза од Лигата на Европа.

Се вчитува...