Вардар против ФТЦ без Лекиќ и Бајрамовска

Андреа Лекиќ и Мирјета Бајрамовска нема да бидат во составот на Вардар на гостувањето против ФТЦ, на натпреварот од 5.коло во Лигата на шампионите што ќе се одигра в сабота (13.30 ч.) во Будимпешта. Двата бека на вардарки поради повреди остнаа во Скопје.

По првите четири кола во групната фаза во ЛШ, Вардар е на лидерската позција во групата со максимални четири победи, а ФТЦ е на втората позиција со два бода помалку од поразот во првата пресметка со Вардар во Скопје. Саботниот дуел во Будимпешта ќе биде решавачки во борбата за првото место во групата. Вардарки веќе обезбедија пласман во следната рунда, а зависно од исходот на вториот меч против ФТЦ, ќе се знае и колку бода ќе пренесе македонскиот шампион во главната фаза од ЛШ.

Не очекува тежок меч. ФТЦ сега е во налет и осоколени откако го победија во домашното првенство и тимот на Ѓер. Ние сигурно ќе бараме начин како да ги сопремен нивните најдобри ракометарки, Сучански, Ковачич и Пена. Подготвени сме за натпреварот, правевме добра анализа. Ќе ни недостасува многу Лекиќ. На тој меч во Скопје, Лекиќ одигра многу добро. Ние ќе треба да играме концентрирано во текот на целиот меч“ – изјави тренерот на Вардар, Ирина Дибирова.

Се вчитува...