Вардар рутински го реши и Татран Прешов

Ракометарите на Вардар ја продолжуваат победничката серија во регионалната СЕХА лига. Во натпреварот од 4.коло вардраци на домашен терен во СЦ „Јане Сандански“ го победи Татран Прешов со 32-28. За бранителот ан титулата во СЕХА лигата, ова е четврта победа од исто толку натпревари.

vardar tatran blok

Словачкиот првак кој од клупата го предводи поранешниот хрватски селектор, Славко Голужа, само во првите десетина минути успеваше да држи чекор со домаќинот. Во 10.минута го бележиме и последното изедначување на 5-5. А, потоа „црвено-црните“ брзо постигнаа четири гола во серија и целосно ја презедоа контролата на играта и на резултатот (9-5). Отпорот на гостите целосно беше скршен во финишот на првиот дел кога Вардар со уште една серија овој пат од 5-0 се одлепи на 16-9 на три минути пред крај на полувремето.  Сигурната позитива му овозможи на Раул Гонзалес да направи неколку ротации и да испроба некои тактички варијанти. Погодокот на Рожерио Мораеш на „црвено-црните“ им донесе водство од 18-11 на полувремето.

vardar tatran luka cindric

Мораеш беше на два пати прецизен и на стартот од второто полувреме за највисоки +9 (20-11) во 33.минута. Но по фуриозниот финиш, следуваше мал пад во играта на вардарци  и серија на Татран Прешов кој искористувајќи го малото опуштање кај домаќините, постиогна пет гола по ред и ја намали негативата на 20-15. Сепак, Татртан беше далеку од тоа да го загрози водството на „црвено црните“ кои брзо се вратија на безбедна предност поведувајќи со 23-15. Тоа пак му остави простор на Раул Гонзалес да им даде шанса и на помладите играчи во составот, па во листата на стрелците на овој меч се запишаа дури 12  играчи. Последната четвртина од натпреварот беше само рутина за шампионот кој на крај супериорно запиша уште една победа.

vardar tatran siskarev

Пет играчи на Вардар (Рожерио Фереира, Лука Циндри, Игор Карачиќ, Данил Шишкарев и Вуко Борозан) постигнаа по четири гола, Мартин Поповски додаде три, а два од два запиша Тоше Ончев. На голот на „црвено-црните“ во сите 60 минути беше Даниел Ѓорѓески и запиша вкупно осум одбрани меѓу кои и еден одбранет седмерец.Кај Татран Прешов најефикасен во нападот беше Бруно Буторац со осум гола.

Следниот натперевар од регионалната СЕХА лига, Вардар го игра на 17 октомври во Скопје против ППД Загреб. Во меѓувреме избраниците на тренерот Раул Гонзалес ќе им се посветат на натпреварите од групната фаза во Лигата на шампионите во која во сабота го очекува дуелот со францускиот Нант на домашен терен.

Се вчитува...