Вардар – Шкендија, натпревар од висок ризик: Без присуство на гостински навивачи!

Дербито од 10. коло во Првата македонска фудбалска лига меѓу Вардар и Шкендија, кое се игра утре од 14:30 часот на националната арена „Филип Втори“ е натпревар од висок ризик.

Како што информираат од ФК Вардар, согласно договорот на двата клуба и МВР, присуство на гостински навивачи нема да биде дозволено. Исто така ќе се забрани влез на симпатизери на гостинската екипа на стадионот.

Купувањето на билети ќе биде овозможено единствено со покажување на документ за лична идентификација. На еден документ, може да се купи една влезница. Билетарницата ќе се затвори во 14 часот, односно 30 минути пред почетокот на натпреварот. Поради тоа, од ФК Вардар повикуваат навивачите да дојдат порано на натпреварот. За утрешното дерби ќе бидат отворени само Јужната и Западната трибина од нашиот најголем стадион.

„Фудбалскиот клуб Вардар ги повикува симпатизерите и навивачите, да дојдат во што поголем број и да му дадат поддршка на нашиот тим да стигне до победа. Воедно, апелираме на фер и коректно навивање од трибините без извици на национализам и расизам. Само така можеме да стигнеме до посакуваната цел и трите бода од овој дерби меч“ – се вели во соопштението од ФК Вардар.

Се вчитува...