Вардар со две Американки ќе атакува на висок пласман

Македонскиот прволигаш Вардар со зголемени амбиции ќе влезе во завршницата од оваа кошаркарска сезона во женскиот шампионат откако „црвено-црните“ ги засилија своите редови со две американски кошаркарки.

Станува збор за 25-годишната Делисиа Шарп, висока 197 сантиметри која настапува на позицијата центар, и Ешли Ватс (24 години, позиција плејмејкер), со чиј ангажман „црвено-црните“ значително го креваат квалитетот во својот тим. Покрај двете Американки, нов член на Вардар е  и македонската репрезентативка Фотка Ѓорѓиева, кој пристигна од редовите на Трокал.

Во сезоната во која клубот ја прославува својата 70-годишнина ставивме дополнителен акцент на женскиот клуб. Со доведувањето на двете Американки, како и на репрезентативката Ѓорѓиева, чекориме напред и дополнително го развиваме нашиот клуб. Исто како и машката екипа, и женската има идеални услови за работа во нашата сала“ – изјави Бране Андриевски, кој заедно со Дарко Крстиќ е задолжен за развој на женската кошарка во таборот на „црвено-црните“.

Се вчитува...