Вардар со победа се прости од Првата лига, деби на 15-годишниот Савичевиќ

Кошаркарите на Вардар славеа на домашен терен над Охрид со 86-78, со што „црвено-црните“ триумфално се простија од настапите во Првата лига, откако како последнопласирана екипа догодина ќе настапуваат по понизок ранг на натпреварување.

Во меч без преголемо резултатско значење (Пелистер е вториот тим што испаѓа од Првата лига) избраниците на тренерот Кочов одиграа подобро од битолскиот состав, заслужено стигнувајќи до победата, само втора за Вардар оваа сезона. „Црвено-црните“ прашањето на победникот го решија во првата четвртина што ја добија со 29-18, за потоа да го контролираат резултатот се до последниот период кога гостите ја намалија разликата, но немаа сили за целосен камбек.

Вредно да се истакне е и дебито на 15-годишниот Лука Савичевиќ, талентираниот кошаркар на Вардар, кој доби шанса во последните две минути да дебитира во Првата лига.

Се вчитува...