Вардар за малку без носителска улога во 2. квалификациско коло за ЛШ

Со 13 бода предност во однос на второпласираната Шкендија, бранителот на титулата Вардар речиси сигурно е и новиот македонскиот шампион за сезоната 2016/2017… Се разбира, доколку не се случи некое чудо до крајот, за кое објективно веќе не веруваат ниту во Шкендија.

Па, сосема е јасно дека „вардарци“ и трета година по ред ќе ја претставуваат Македонија во квалификациите за Лигата на шампионите. Како што е  познато, уште за следната сезона УЕФА одлучи натпреварите во ЛШ да се реализираат согласно постоечкиот формат, по што ќе следат промени од сезоната 2018/2019.

Вардар и ова лето ќе стартува од второто квалификациско коло во Лигата на шампионите. „Црвено-црните“ сега имаат највисок рејтинг коефициент од македонските екипи – 5.125, но повторно остануваат на листата на аутсајдери пред ждрепката за квалификациите за ЛШ. Овој пат, сепак, се веќе и на самата граница меѓу листата на носители и листата на аутсајдери. Во овој момент, согласно коефициентот е на 20. место од 34 европски шампиони кои ќе се најдат во ждрепката за 2. квалификациско коло за ЛШ.

Pretkolo Lige prvaka, Dinamo - Vardar

На листата на носители ќе бидат 17 екипи, а веќе со сигурност се познати и 14 од можните противници на Вардар, иако во дел од земјите шампионатите се уште се во тек. Тоа се Селтик, Салцбург, Копенхаген, Лудогорец, БАТЕ Борисов, Марибор, Карабах, Малме, Астана, Розенборг, шампионот на Хрватска (Ријека или Динамо Загреб), шампионот на Србија (Ц. Звезда или Партизан), шампионот на Израел и шампионот на Кипар (АПОЕЛ, Аполон или АЕК Ларнака).

Неизвесно е во полскиот шампионат меѓу Јагелонија, Легија и Лех Познањ и Лехиа Гдањск со 3.950 ако Јагелонија или Лехиа.

НОСИТЕЛИ ВО 2. КВАЛИФИКАЦИСКО КОЛО ЗА ЛШ – СЕЗОНА 2017/2018

1. Селтик (Шкотска) – коефициент 42.785

2. Салцбург (Австрија) – 40.570

3. Копенхаген (Данска) – 37.800

4. Лудогорец (Бугарија) – 34.175

5. БАТЕ Борисов (Белорусија) – 29.475

6. Марибор (Словенија) – 21.125

7. Карабах (Азербејџан) – 18.050

8. Малме (Шведска) – 16.945

9. Астана (Казахстан) – 16.800

10. * Шампион на Хрватска (Ријека или Динамо З.) – 15.550

11. Розенборг (Норвешка) – 12.665

12. * Шампионот на Израел – 10.875 – 23.375

13. * Шампион на Србија (Ц. Звезда или Партизан) – 7.325 – 16.075

14. * Шампион на Кипар (АПОЕЛ, Аполон или АЕК) – 6.210 – 26.075

15. Хафнарфјордур (Исланд) – 6.175

16. Жилина (Словачка) – 5.850

17. Жалгирис (Литванија) – 5.825

ЗАБЕЛЕШКА: * Се уште не се познати шампионите на Албанија, Молдавија, Полска и Унгарија. Доколку се тоа Скендербег, Шериф Тираспол, Легија Варшава и Видеотон, исто така влегуваат на листата носители во 2. квалификациско коло, на местата на Хафнарфјордур, Жилина и Жалгирис.
* ФК ВАРДАР со коефициент 5.125 е на 20. место согласно распределбата, според коефициент, од 34 европски шампиони кои ќе се најдат во ждрепката за 2. квалификациско коло

Се вчитува...