Вардар за првпат по бодови на „Могила“, Шкендија домаќин на Шкупи

Македонскиот шампион, екипата на Вардар денеска од 14:30 часот во рамките на 11. коло од Првата македонска фудбалска лига за првпат го очекува гостување на стадионот на Могила во Прилеп.

„Вардарци“ гостуваат на Победа, за првпат на „Могила“, со оглед на тоа што минатата година двата натпревари против прилепчани ги одиграа во Охрид односно Битола.

Како и да е, во тимот на Чедомир Јаневски веруваат дека може да дојдат до трите бода со кои активно ќе се продолжи битката за шампионската титула со Шкендија. Од таборот на Победа, пак, посакуваат да го искористат заморот во црвено-црните редови од европските натпревари, и она нивно лошо издание против Реал Сосиедад.

„Вардар е фаворит, но видовме дека се ранливи и на оној натпревар против Реал Сосиедад. Секако ќе се обидеме да ги изненадиме и да дојдеме до посакувани бодови“ – вели тренерот на Победа, Бубања.

Во првиот натпревар оваа сезона Вардар славеше против Победа со убедливи 4-0 на меч одигран на стадионот во Ѓорче Петров. Стрелци на головите беа Барсегјан, Којашевиќ, Итало и Фелипе од пенал.

Шкендија денеска ќе биде домаќин на составот на Шкупи. Тетовци веруваат дека, по оној пораз од Вардар, сега ќе се вратат на победите.

„Не сакаме да го потцениме тимот на Шкупи кој игра одличен, тимски, фудбал, но ние размислуваме единствено на победа. Не смееме да си дозволиме нов кикс, бодовите ни се неопходни“ – вели Мевљан Мурати.

ДВОЈКИ – 11. КОЛО (14:30 ч.)

Скопје: СКОПЈЕ – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ

Прилеп: ПОБЕДА – ВАРДАР

Скопје: РАБОТНИЧКИ – ПЕЛИСТЕР

Тетово: ШКЕНДИЈА – ШКУПИ

Кратово: СИЛЕКС – РЕНОВА

Се вчитува...