„Вардарки“ до лесен триумф над Подравка во регионалната лига (29-24) - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Фудбал
24/03/2017 15:49
Останато
24/03/2017 9:27
Фудбал
24/03/2017 8:50
Фудбал
23/03/2017 18:35

„Вардарки“ до лесен триумф над Подравка во регионалната лига (29-24)

Екипата на ЖРК Вардар СЦБТ стигна до лесна победа против хрватска Подравка во рамките на натпреварите од женската регионална лига.

„Вардарки“ славеа со 29-24 (17-9) во натпревар во кој единствено неизвесно постоше во првите десет минути, а потоа целосно доминираа избраничките на Индира Кастратовиќ.

Кај македонскиот шампион најефикасна беше Зебиќ со пет гола, а по четири запишаа Црвенковска, Ѓокиќ и Лекиќ. Во поразениот тим шест погодоци постигна Немашкало.

По овој триумф Вардар СЦБТ ја зачува третата позиција, со 15 бода колку што има Крим Меркатор, а три помалку од водечкиот Будуќност.

Вардар СЦБТ – Подравка   29-24 (17-9)

Судии: Карбеска Силвана и Марија Илиева. Делегат: Драган Начевски

ЖРК Вардар СЦБТ: Лејно (12 одбрани), Саидова( 3 одбрани), Костуикова 1, Радичевиќ 1, Ѓокиќ 4, Пино 2, Штериова 1, Николиќ 3, Дембеле 1, Фернандез 1, Зебиќ 5, Кликовац 2, Црвенковска 4, Хмирова, Лекиќ 4, Лојпур. Тренер: Индира Кастратовиќ. Седмерци: 7/7 ; Исклучувања: 4 минути

РК Подравка: Миленковиќ (7 одбрани), Јукиќ, Капитановиќ (2 одбрани), Чивиќ 3, Гавраниќ 2, Понграц , Хавиќ 3, Живковиќ 4, Вукојевиќ, Немашкало 6, Драгашиќ 2, Видак 3, Полјак 1. Тренер: Горан Мрѓен. Седмерци: 5/3. Исклучувања: 2 минути

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.