Вардарки и без најдобрите посилни од Будуќност

Вардарки остануваат со максимален учинок и по вториот турнир во регионалната ВРХЛ лига што се одржа викендов во Љубљана. По триумфот против Крим, македонскиот шампион денеска славеше и протрив Будуќност со 21-20 (9-9) и ја запиша четвртатат победа во ВРХЛ лигата.На овој натпревар „црвено-црните“ настапија без неколку стандардни првотимки,  Драгана Цвијиќ поради болест остана во Скопје, а на вториот меч во Љубљана, Ирина Дибирова реши да ги поштеди Андреа Лекиќ и Андреа Пенезиќ, но, ни тоа не беше пречка да стигнат до нова победа.Натпреварот против Будуќнот во поголемиот дел имаше неизвесен тек. На полувремето беше нерешено (9-9), а во финишот вардарки влегоа со негатива од 15-18. Сепак, со ефикасна игра во нападот успеаја да направат пресврт, постигнаа шест, а примија само три гола и на крај се радуваа на нова победа.Татјана Хмирова беше најефикасна во составот на Вардар со пет гола. По четири погодоци постигнаа Јованка Радичевиќ, Барбара Лазовиќ и Александра Лакрабер. Кај Будуќност, нападот го предводеше Ѓорѓина Јауковиќ со седум погодоци.  

Се вчитува...