Вардарки ја решија Подравка во ВРХЛ

Ракометарките на Вардар славеа убедлива победа против Подравка со 30-19, во 3.коло од регионалната ВРХЛ лига. Ова е втора победа на вардарки во ова натпреварување, прва на вториот турнир што се одржува викендов во Копривница.

Подравка успеваше да држи чекор во првото полувреме (14-14), но во вториот дел вардарки комплетно ја презедоа контролата на играта и на резултатот. Ина Суслина беше сигурна на голот и му овозможи на Вардар да реализира брзи напади и да дојде до лесни голови што на крај им донесе убедлива победа.

Вардар на овој втор турнир во ВРХЛ лигата, игра без Андреа Лекиќ, Александра Лакрабер, Ања Алтхаус и без Андреа Човиќ, но и со преполовен тим „црвено-црните“ беа убедливо надмоќни против хрватскиот тим.

Тамара Мавсар  со седум гола беше прв стрелец кај вардарки, по пет постигнаа Јованка Радичевиќ и Андреа Пенезиќ. Во составот на Подравка, најефикасни беа Дежиќ и Милошевиќ со по четири гола.

Во вториот натпревар, утре (16 ч.), Вардар ќе игра против Будуќност.

Се вчитува...