„Вардарки“ на прием кај Воиновски во „Пежо Македонија“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

По освоениот трофеј во Купот на Македонија, кошаркарките на Вардар денеска имаа официјална средба со првиот човек на КК Вардар, Владимир Воиновски, сопственикот и генерален финансиер на „црвено-црните“ кој уште еднаш им го честиташе успехот посакувајќи и во иднина да се продолжи на триумфалниот вардаров пат.

На приемот на кој присуствуваше и потпретседателот на КК Вардар, Зоран Гапиќ, претседателот Воиновски нагласи дека е горд на младите кошаркарки кои означуваат еден нов почеток на женскиот клуб.

„Сакам искрено да честитам на освоениот трофеј во Купот на Македонија. Овој успех треба да биде силен мотив за нашите девојки за продолжување на победничкиот пат, и мотив повеќе за дополнителен свој индивидуален кошаркарски развој. Вардар продолжува и без отстапување од своите визии за промоција на млади, талентирани и квалитетни домашни спортисти како единствен начин за развојот на македонската кошарка“ – истакна Владимир Воиновски.

[new_royalslider id=”512″]

Се вчитува...