„Вардарки“ подобри од Металург (29-22) - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Фудбал
24/03/2017 15:49
Останато
24/03/2017 9:27
Фудбал
24/03/2017 8:50
Фудбал
23/03/2017 18:35

„Вардарки“ подобри од Металург (29-22)

Ракометарките на ЖРК Вардар СЦБТ славеа против Металург во рамките на 11.коло од женската регионална лига со 29-22 (18-13).

Составот на Индира Кастратовиќ очекувано беше подобар во текот на целата средба, постепено зголемувајќи ја предноста во текот на сите 60 минути.

Ова е втора победа за „вардарки“ на вториот меѓусебен натпревар во регионалната лига откако претходно славеа и со 35-26. По овој триумф Вардар има 14 бода на третата позиција, додека Металург по пет одиграни средби и натаму е без бод.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.