Вардарки поуспешни од Будуќност во Подгорица

Ракометарките на Вардар со победа против Будуќност (24-22) ја отворија новата сезона и тргнаа во одбрана на титулата во регионалната лига. Првиот турнир во новата сезона во регионалната лига се игра во Подгорица. Во вториот натпревар, утре Вардар ќе игра против Крим.

На турнирот во Подгорица, Вардар настапува само со 13 ракометарки бидејќи поради повреди во Скопје останаа Кузнецова, Лејно, Бајрамовска, Лакрабер и Лазовиќ. Но, и со практично преполовен состав и без класичен десен бек, вардарки успеаја да направат пресврт и да го добијат првиот дуел со Будуќност.

Јованка Радичевиќ беше најефикасна во составот на Вардар со седум гола. Еден помалку постигна Андреа Пенезиќ, а Андреа Лекиќ заврши со пет погодоци. Добра партија на голот на Вардар имаше Ина Суслина со 12 одбрани.

Се вчитува...