Вардарки поуспешни од Крим на гостувањето во Љубљана

Ракометарките на Вардар ја продолжија победничката серија во регионалната ВРХЛ лига. Во првиот натпревар на турнирот во Љубљана, вардарки славеа против Крим Меркатор со 32-29.

Словенечкиот шампион во првото полувреме успеваше успешно да му парира на Вардар и го заврши полувремето со еден гол предност (18-17). Но, во вториот дел „црвено-црните“ го засилија темпото и обезбедија уште еден триумф во ова регионално натпреварување.

Андреа Пенезиќ со девет гола беше најефикасна во составот на Вардар, шест постигна Полина Кузнецова, а четири гола додаде Јованка Радичевиќ. Кај Крим прв стрелец беше Тјаша Станко со седум погодоци.

Во вториот натпревар на турнирот во Љубљана, утре (16 ч.), вардарки ќе играат против Будуќност. На овие дуели во ВРХЛ лигата, тимот на Вардар настапува без пикерот Драгана Цвијиќ, која поради болест остана во Скопје. Како што најави тренерот на „црвено-црните“, Ирина Дибирова, овие два натпревари во ВРХЛ лигата ќе бидат подготовка за Вардар за настапите во Лигата на шампионите со кои продолжуваат во ноември.

Се вчитува...