Вардарки со нова титула и сезона за „петка“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Одличната сезона, ракометарките на Вардар ја завршија со „петка“. Пред два дена по петти пат го освоија пехарот во купот на Македонија, а денеска супериорно ја запишаа и петта последователна шампионска титула и сезонава ја комплетираа со „двојна круна“. Во сезоанта „за петка“ вардарки додадоа и уште една шампионска титула во регионалната ВРХЛ и европско сребро од Ф4 турнирот во Лигата на шампионите.
Во дуелот против сестринскиот Вардар СЦЈС вардарки победија со 30 гола разлика (54-24) и супериорно ставија точка на уште една шампионска сезона. По победничкиот пехар и со златните медали следува заслужен одмор.Во новата сезона Вардар ќе стартува со подновен состав. Шест ракометарки од актуелниот тим денеска се простија со „црвено-црниот“дрес. Ново име во новиот состав засега официјално е само Драгана Цвијиќ. Но, како што вели тренерот Ирина Дибирова, веќе од утре почнува да се крои новиот тим и плановите за следната сезона.

[new_royalslider id=”652″]

Се вчитува...