Вардарки убедливи против Загорје (27-35) - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Фудбал
20/07/2017 13:57
Фудбал
20/07/2017 13:14
Кошарка
20/07/2017 12:02
Фудбал
20/07/2017 8:51

Вардарки убедливи против Загорје (27-35)

Ракометарките на ЖРК Вардар СЦБТ остварија убедлив триумф во рамките на Регионалната лига, победувајќи го словенечкиот тим ГЕН – Загорје со 27-35. Избраничките на Индира Кастратовиќ уште на полувремето обезбедија осум гола предност (13-21), која немаа проблеми да ја сочуваат до крајот.

Во вториот дел, „црвено-црните“ девојки имаа и двоцифрена разлика (27-16), а на крајот триумфираа со 35-27. Најефикасна во редовите на ЖРК Вардар СЦБТ беше Јованка Радичевиќ со шест постигнати погодоци, додека Љубаш од Загорје беше стрелец на осум гола. Овие две екипи на 12 април ќе одиграат уште еден натпревар во рамките на Регионалната лига.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.